СДСМ: Груби да се соочи со законот, Тошковски со одговорноста
„Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се оправда за бегството на Артан Груби кое е сработено по истото сценарио како и она летото на Блерим Рамадани. Повеќе од јасно е дека границата со Косово не е под контрола на МВР и Тошковски“, вели СДСМ и додава:
Уште почудно е што токму полицајци поставени од Тошковски решиле да го пуштат Груби непречено да си оди. ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски сами си ги креираат сценаријата за сомнеж дека тие го пропуштиле Груби да си оди од државата наместо да се соочи со одговорност. Груби мора да биде итно спроведен пред лицето на правдата.
Но, денес е нејасно како Тошковски може да биде толку неинформиран и МВР толку слаба институција под негово водство, кога Изет Меџити коалицискиот партнер на Мицкоски знае дека Груби е во Албанија, а Тошковски не? Го праша ли Тошковски Меџити од каде му се информациите? Тошковски веќе одамна е зрел за оставка, премногу скандали се случија без никаква политичка одговорност.