Ковачевски за МИА: Изборот е меѓу надеж со Коалицијата за европска иднина и безнадежност и повторно заглавување со ДПМНЕ


Јас навистина морам да изразам загриженост во однос на ставовите на нашиот политички противник ВМРО-ДПМНЕ кои што и сега кога ќе ја видите нивната политичка кампања – таму апсолутно не стои ништо во делот на интегрирањето со ЕУ, тие предвидуваат некакви алтернативни сценарија, предвидуваат повторно некакви репреговарања со соседи, со ЕУ кои што се утопија и немаат никаков контакт со реалноста и тоа најдобра потврда им дојде од еврокомесарите кои што кажаа дека европската преговарачка рамка е усогласена со сите 27 земји членки. Таа обезбедува заштита на македонскиот јазик, идентитет и култура и обезбедува како преговори на СМ со ЕУ според Копенхашките критериуми. – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.
Сега кога ќе ги земете изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и на нивната кандидатка тогаш ќе видите дека тие ниту во ставовите не се усогласени. Таа кажува едно, нивниот претседател кажува друго, и тоа само едно покажува дека пред нас на изборите на 24ти април и на 8 мај имаме еден многу јасен избор. Избор на надеж со коалицијата за европска иднина и избор на безнадежност повторно заглавување во минатото како што го гледавме 11 години со Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ. – истакна Ковачевски во интервјуто за МИА
