Во текот на претстојната ноќ и утре нови пообилни врнежи од дожд, дожд ќе има и во Скопје
По денешниот претежно стабилен и сув ден, во текот на претстојната ноќ и утре територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов поголем влажен воздушен бран од југ, и истиот ќе услови нови пообилни врнежи од дожд на повеќе места низ Македонија. Провејување на снег ќе има само на највисоките планински места.
Локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2). Особено Долж Повардарието повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец.
Во Скопје и околината исто така утре очекуваме нови врнежи од дожд, додека денешниот ден ќе биде претежно стабилен и сув.
Што се однесува до температурите, максималните дневни денес ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, а утре тие ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 17 степени, додека утре таа ќе биде нешто пониска и ќе се искачи до околу 14 степени.