Македонија

Османи: На амбасадорите им изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во текот на вчерашниот ден оствари средби со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и Холандија. Иако на официјалниот профил на министерот не беше објавено дека разговарале за изборниот процес, шефот на македонската дипломатија на својот приватен Фејсбук профил објави дека им се пожалил на амбасадорите за компромитирање на изборниот процес во земјава.

Османи укажал и на неопходноста за почитување на Охридскиот и на меѓународните договори, како и на вложувањето во реформската агенда за евроинтеграцискиот процес на државата.

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ вчера најави дека до Управниот суд ќе ги обжали донесените одлуки на Државната изборна комисија за приговорите во врска со изборните резултати од парламентарните избори што се однесуваат на петтата и шестата изборна единица. Оттаму излегоа со став оти на членовите на ДИК им бил извршен политички притисок преку партиски инструкции во однос на приговорите, а за ова, како што рекоа, ги информирале сите надлежни институции и меѓународниот фактор.

На почеток