Македонија

Закани кон претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска

Добрила Кацарска, претседателката на Уставен суд пријавила во полиција закани за нејзиниот живот, откако на своето гаражно место во подрачјето на Центар, пронашла импровизиран кревет и кујнски нож забоден на прекинувачот за светло.

На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток