Македонија

Кацарска се жали: Нема недела да помине без закана, зачести, имав и физички напад

Добрила Кацарска, претседателка на Уставниот суд во заминување, се пожали пред новинарите дека секој втор-трет ден има закани. Не знае што се случува со предметот кој се води против нејзините заканувачи, а рече и дека имала физички напад.

„Ова се закани кои ги пријавив, а јас трпам закани неколку години наназад, нема недела да помине, а да немам некоја закана. Имав и физички напад, бев физички нападната. Претходно не пријавувам, мислев се изолирани случаи. Зачести и се случува на секој втор-трет ден, па се решив да пријавам конечно. Дали ќе продолжат заканите, не можам да кажам однапред“, рече Кацарска.

Прашана до каде е предметот против лицата кои и се заканувале одговори: „Јас до денес немам никаква информација за ова“.

На почеток