На Кацарска и завршува мандатот, многу лобирања за нејзиниот наследник, изборот е утре
Добрила Кацарска го напушта претседателското столче во Уставен суд.
На 2 јуни и завршува тригодишниот претседателски мандат, но останува судија во Уставен.
Таа одлучи денеска на прес конференција да даде отчет за сработеното.
Веќе утре ги чека избор за нов шеф на Уставен.
Според Деловникот на Уставен, претседател на Судот се бира од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање, значи потребни се најмалку 6 гласа.
Не се открива, иако некои веќе работат и лобираат кој ќе ја замени Кацарска и ќе биде 19-от претседател на Уставниот суд.
Актуелни уставни судии покрај Кацарска, која нема право на реизбор се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска и Ана Павловска-Данева.
Уставниот суд е орган што ја штити уставноста и законитоста. Составен е од девет судии избрани од Собранието на Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници.