Македонија

Ахмети ќе се огласи од Мала Речица

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во 13 часот од седиштето во Мала Речица ќе одржи прес конференција.

Како што информираат од партијата тој ќе ги каже идните чекори на Европскиот фронт.

Дуи по цели 20 години замина во опозиција. И покрај серијата укажувања и закани не се во групата со ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ за формирање на новата влада.

На прес-конференцијата Ахмети ќе го придружуваат партнерите од Европскиот Фронт кој на изборите на 8 мај освоија 18 мандати.

Пратениците не гласаа за верификацијата на мандатите и ја напуштија салата пред изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието.

На почеток