Кацарска: Го надминавме секој тест на непристрасност, не потклекнавме, новиот претседател може да биде комотен
Претседателката на Уставниот Суд, Добрила Кацарска во заминување кажа дека се водела од уставните принципи, како и истрајноста да го зачува достоинството на судот. Ова беше дел од нејзиниот отчет по три години на оваа фунција.
„Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост и непристрасност на Судот и не потклекнавме на еден од најспецифичните предизвици кои ги памети историјата на Уставниот суд – а тоа е 17 месеци функционирање на работ на кворумот со пет судии. Тоа е половина од мојот мандат. Кога ги одбројувам последните денови како раководител, граѓаните и новиот претседател можат да бидат комотни, нема заостанати предмети“, рече Кацарска.
Посочи дека тие донеле револуционерен акт за регулирање на нивната работа. Таа тврди дека предмети се чувале по 10 години, а сега тој број на несработени предмети е намален. Се пофали со 78 одлуки за укинување на закони и акти, донесени од различни собраниски состави.