Македонија

Советници од Уставниот суд, говорници на правната школа во Анкара во која учествуваат претставници од 28 земји од светот

Советниците на Уставниот суд, Мајлинда Исмаили и Енсар Јусуф се учесници на 12. издание на Летната школа во Република Туркије на покана од Центарот за обука и развој на човечки ресурси на Здружението на Азиски уставни судови и еквивалентни институции (AACC-CTHRD).

Во фокусот на годинашното издание е користењето на информатичките технологии и вештачката интелигенција во судството и уставните судови.

Советничката Исмаили имаше свое излагање во кое се осврна на употребата на информациските технологии и можностите за користење на вештачка интелигенција при работењето во Уставниот суд. Посебен акцент во презентацијата на Исмаили беше ставен на алатките со коишто е унапредена веб- страницата на Судот со крајна цел развивање на транспарентноста и поинформирани граѓани.

Советниците на Судот презентираа информации и за софтверскиот систем и процесот на поедноставување на работењето при пребарување во уставно-судската пракса при користење на напредни алатки во текот на водењето на постапките во Уставниот суд.

Школата се одржа во периодот од 30 септември до 3 октомври во Анкара и се организира секоја година со цел размена на информации и практики помеѓу помошници судии/ советници или правни експерти кои работат во уставните судови или тела со еквивалента надлежност.

На почеток