Македонија

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Тој е врвен професионалец, зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Беќаровски: Луѓе со минимум 20 години искуство за раководители на Клиниките, да се зголемат и платите на лекарите  оти ќе останеме без нив

Со реакција во отворено писмо до јавноста се огласија вработените во Токсикологија, кои велат дека се што е напишано против докторот Беќаровски не е вистина.

Вработените се уверени дека наводите од изјавата не се вистинити, а за познатиот докотор имаат да кажат сѐ најубаво.

„Најостро реагираме и ги демантираме информациите изјавени во неколку медиуми од министерството за здравство и сме должни на јавноста да ѝ појасниме дека какви било навреди или притисоци на Албанци кои претходно беа ангажирани со договор на дело, од страна на проф. др. Нико Беќаровски не се упатени“, пишува меѓу другото во реакцијата од вработените.

Претходно, и доктор Беќаровски најави тужба до инволвираните лица и во целост ги отфрли тврдењата дека ги навредувал Албанците на национална основа.

На сето ова претходи што пред речиси еден месец на прес-конференција доктори од Клиниката за токсикологија објавија дека економската директорка Бесија Илјази не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина, на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица што немаат соодветно образование. Вработените тврдат дека Илјази, спротивно на решението на ДСЗИ, кое изречно забранува присуство на невработени лица на Клиниката, ги поттикнува да доаѓаат на работа сите оние на кои им е истечен договорот.

Нико Беќаровски тогаш рече дека едното од овие лица со истечени договори, кој работел како болничар, вршел притисок врз лаборант – барал урина во која имало наркотици да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.

За образованието на Илјази лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето јазици, со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски тогаш рече дека се обидел да комуницира со неа на англиски јазик. Заклучокот беше дека со неа немаат комуникација.

На почеток