Македонија

Несреќа во Демир Капија: Се судриле возило „рено“ и мотоциклист

Тешко повреден мотоциклист од Штип

На 14.05.2024 во 11.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Првомајска“ во Демир Капија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од М.А.(39) од Демир Капија и мотоцикл управуван од малолетник од демиркаписко. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.

На почеток