Коментари

Беќаровски до Арсовска и Муцунски: Уште колку месеци ќе голтаме прашина, паркираните булдожери и валјак и во следните шест месеци ќе стојат како декор

Доктор Нико Беќаровски повторно реагира на социјалните мрежи во врска со раскопаниот дел од улицата „Васко Каранѓелевски“ во општина Аеродром.

„Почитувани мои ФБ пријатели од медиумите, ќе Ве замолам ЈАВНО да ги прашате градоначалникот на Општина Аеродром, г-динот Тимчо Муцунски и градоначалничката на Скопје г-ѓа Данела Арсовска:
• Уште колку месеци ќе треба секојдневно да ја голтаме прашината и да ги кршиме автомобилите по раскопаниот дел од улицата “Васко Каранѓелевски” на потегот од базенот “Бисер” до поликлиниката “Јане Сандански”???
• Дали паркираните два булдожери и еден валјак и во следните шест месеци, како и во изминативе, ќе стојат како декор???
Однапред Ви благодарам во името на илјадниците граѓани на Аеродром кои секојдневно барем два пати поминуваат низ оваа улица и одат со извалкани чевли или извалкани и амортизирани автомобили до своите работни места, иако живеат само на 3.5 км од центарот на ‘метрополата’“,вели Беќаровски.

На почеток