Македонија

Нова линија Амстердам-Скопје

“Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати. После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам“, објави министерот за транспорт, Александар Николоски и додава:

„Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во неделата и тоа во четврток и во недела на релација Амстердам-Скопје-Амстердам.

Ова е нова можност граѓаните да ги искористат бенефитите од воведувањето на нови дестинции низ Европа и светот.

За многу кратко време успеавме да овозможиме нови десетина дестинации од двата домашни аеродроми со што даваме силен поттик и развој на воздушниот сообраќај, поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните ”- напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил.

На почеток