Коментари

„Со 25.000 можеби ќе преживеат, ама повеќе од сигурно нема да живеат, од преживување до живеење, ги дели една функционерска плата“

Жестоки реакции на социјалните мрежи по изјавата на министерката Јована Тренчевска дека двајца пензионери можат да преживеат со 25.000 денари.

„Со 25.000 двајца пензионери можеби ќе преживеат, ама повеќе од сигурно нема да живеат! Од преживување до живеење, ги дели една функционерска плата! Од тоа пусто преживување, нашиов народ на 40 години изгледа ко да има 70, без една насмевка на лицето, а европејците на 80 го шетаат светот. Има разлика од преживување до живеење, цел еден живот, одземан, украден од криминалци на функции! – напиша Јованов на социјалните мрежи“, вели професорката Тамара Јованов.

„78% покачување се повеќе од 50.000 денари, што значи четворица пензионери се на фотосинтеза за еден чауш да печали.
Тоа се плати за двајца млади лекари специјализанти.
Дрште кубурот да не падне од појас може ќе дојдат невремиња ќе затреба“, вели доктор Ненад Лазаров.

„’Двајца пензионери можат да преживеат со 25.000 денари’ – министерката за социјала
А ако се 10 пензионери дома таман ќе стигнат до платата на министерката од 125.000 денари“, вели Божидар Божиновски.

„Ко можат двајца пензионери да преживеат со 25 000 денари и СДСМ ќе може да преживее со 25 000 гласови.
Мило за драго“, вели Иљче Затаркоски.

„Тренчевска: “Со 25 000 двајца пензионери можат да преживеат.”
А бе за преживување е лесно, ама има и такви што сакаат да живеат. За нив шо прајме?“, додава Затаркоски.

„Внимание!!!
Овие веќе не се срамат да ни кажат дека пензиоонерите преживуваат, а не живеат!
Прочитајте што кажува министеркава
Секој ден власт на оваа болумента е изгубени животи и судбини на реални луѓе! Доволно беше!
#неспособни“, вели Петар Богоески.

На почеток