Потрошувачка кошничка на еден пензионер – за што и колку плаќаат
Барањето за зголемување на пензиите и противењето на дел од јавноста, предизвика и пресметки. Катерина Тошевска, претстави како игледа една потрошувачка кошничка на македонски пензиоер. Ова треба да го даде одговорот дали оправдано или неоправдано се бара покачувањето.
„Потрошувачка кошничка на еден пензионер (основна):
1. Антикоагулантна терапија, 4.800-5.300 ( приватно),
2. Антихипертензивна, на рецепт (најчесто),
3. Дигиталис, 5 ден партиципација ако го има, ако го нема 1.60 евра во Грција кутивче, а го немаше кај нас подолг период. За некои неопходен.
4. Вештачки солзи, приватно ( луксуз),
5. Д3 капки, на рецепт ( ги штитиме жените од остеопороза). Друг тип на овој витамин/суплемент е луксуз за повеќето пензионери,
6. Росвера, партиципација ( најголем дел од пензионерите примаат статини),
7. Уште 1-2 лека за кардиоваскуларни болести, бета блокатор, што на рецепт, што приватно,
8. Алфа липоична киселина , 800 ден ( луксуз). Мислена именка за повеќето, па се забораваат од пиење неуробион ( околу 300 ден).
9.Крема за реума, некоја со сите билки во неа, 500-600 ден ( луксуз), најчесто се користи блок макс гел.
10. Витамин Ц, од оние што прават дупка во желудникот до витамин Ц на Solgar или Jameison ( од 25 до 800 ден).
11. 3000 ден режиски трошоци МИНИМУМ ( струја, вода, парно, одржување зграда) за една гарсониера, без трошоци за телефон зашто најчесто пензионерите се во мрежа со децата и не плаќаат за оваа услуга. Под услов бојлер и машина за перење исклучиво уклучени од 22-07 часот.
Ако на тоа се додаде терапија за дијабет, со потрошниот материјал кој го нема а е на терет на пациентот???
Ако има и некое малигно заболување, колку се зголемуваат трошоците?
Било кое друго заболување кое бара дополнителна терапија?
Макуларна дегенерација еве нека има, треба ли макулин?
Да не зборам суплементи, најмалку омега 3, без 6 и 9.
Нели треба риба да се јаде? Или ќе им даваме само сардини конзерви?
Ориз не, бело брашно не, шеќер не.
Грав и леќа? ОК здраво е.
Киноа, овес, хељда? Од 180-220 ден, 500 гр ( мислена именка).
Лубеница 30-40 ден/кг. Праски 59-109 ден.
Нема средства за лична хигиена, среќа па улошки не им требаат, ама голем дел имаат стрес-инконтиненција.
За простата нешто?
Одржување на домаќинство? Или со сода бикарбона и оцет треба исклучиво да се чисти?
Проста математика е ова. Само собирање, ни просто тројно правило не треба за ова.
И да не се чудиме колку дијазепам се користи во нашата држава.
Има една изрека во нашиот народ, \ситиот на гладниот не му верувa’“, стои во пресметката.
Пензионерите бараат и линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари.