Цела пресуда: Поради годините, судијката Стојановска му досудила воспитна мерка наместо затвор на Јованов
Кривичен суд ја објави пресудата на судијата Даниела Алексовска-Стојановска, која на 31 јули минатата година, му одредила воспитна мерка на возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази 22-годишната Фросина Кулавкова. Со ваква казна, судот го ослободил Јованов од притворот во Шутка, каде поминал 3 месеци. Во пресудата се наведени олеснителните и отежителните околности при одредување на санкцијата. Младоста била клучна околност за судијката Алексовска-Стојановска, бидејќи Јованов го сторил делото со неовластено заради продажба, држел наркотична дрога марихуана и кокаин.
„Судот при одмерување на видот на кривичната санкција – воспитната мерка – заводска мерка, упатување во воспитно поправен дом, ги имаше во предвид одредбите од чл.39 од КЗ, кои се од влијание за индивидуализација на истата. Како отежнувачки околности, судот ги ценеше природата и карактерот на овој вид кривични дела, кои претставуваат деликт на апстрактно загрозување на здравјето на луѓето како примарен објект на заштита на овој вид кривични дела, особено помладата популација, посебно здравјето и развојот не само на младината, туку и воопшто на целокупната популација, за која била наменета предметната дрога, општествената опасност од аспект на позачестеното извршување на овие дела, преземањето на дејствија на обвинетиот за кои знаел дека се противправни и казниви, побудите за сторување на ова кривино дело, поточно можноста за брза заработка која ја овозможува продажбата на наркотичната дрога, оттука и лукративната цел заради која што била вршена продажбата на предметната дрога марихуана која потекнува од растението канабис (лат.Cannabis plant), која се добива со сушење, дробење или ситнење на врвни делови-вршунки и лисја од растението Cannabis, но исто така и опојна дрога кокаин (лат.Cocaine), кои спаѓаат во првата категорија на опојни дроги кои се забранети, согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции-редакциски пречистен текст и Листите за класификација на супстанции и растенија во листите од меѓународните конвенции за опојни дроги и психотропни суптанции во категорија на опојни дроги и психотропни супстанции, донесени од Министерството 2 (Сл. Весник на РСМ, бр.104 од 10.05.2021 година), а кои обвинетиот неовлстено ги држел во стан на ул.„…“ кој го користел, а заедно и со обвинетата Л. во станот на ул.„…“, во кој таа привремено престојувала“, стои во образложението на пресудата и се додава:
„Сите овие околности, судот ги ценеше во корелација со личните, семејните и материјалните прилики на обвинетиот, кој е многу млада личност, роден … година, на возраст од неполни 20 години, а делата за кои се товари ги сторил во период кога имал 19 години, односно на прагот на полнолетсвото, кое нешто укажува на тоа дека во време на сторување на делата немал некое животно искуство како полнолетен. На оваа околност судот особено обрна внимание, со оглед на младоста на обвинетиот, кој немал доволно животно искуство како полнолетен, со оглед да со настапувањето на полнолетството секој млад човек се судира со проблемите и предизвиците за кои често се несвесни и истите не ги прифаќаат доволно сериозно. На оваа возраст помладите полнолетни лица често можат да западнат во сериозни проблеми, не размислувајќи за последиците, како и тоа дека постапките како полнолетни поинаку се третирани одошто истите би биле третирани во нивниот малолетничкиот период. Судот како олеснителна околност ја ценеше и семејната и материјалната положба на обвинетиот, кој е со завршено средно образование, моментално студент, невработен, неимотен, околноста дека обвинетиот не евидира во казнената евиденција, што значи првпат доаѓа во судир со законот, а против истиот ниту како дете не биле изрекувани воспитни мерки или казна затвор за деца, ниту пак се водат постапки за други кривични дела. Во контекст на сето погоре наведено, судот цени дека постојат законски претпоставки за примена на одредбата од чл.71 од Законот за правда на децата, како lex specialis и на обвинетиот му изрече кривична санкција како во изреката на оваа одлука. Судот го респектира и го застапува ставот дека целите на кривичните санкции не треба да претставуваат казнување и одмазда на сторителите, туку пред се нивна ресоцијализација за да во иднина не се јавуваат како извршители на други кривични дела“.
ЦЕЛА ПРЕСУДА:
пресуда васил јованов