Македонија

(Видео) Среден прст и крвави раце – судот доби пораки од револтираните граѓани по смртта на Фросина

Среден прст, натпис „пи*ки, убијци“, скандирање „убијци“, отисоци од црвени раце кои симболизираат крв – вака демонстрантите го изразија својот револт кон Кривичниот суд за случајот со загинатата Фросина Кулавкова. Таму и заврши протестот кој започна од „Партизанска“ каде се случи сообраќајката која ја усмрти 22-годишната девојка.

Најголем револт кај демонстрантите предизвика фактот што Кривичниот суд веќе му судел на возачот Васил Јованов за поседување и продажба на дрога, но му досудиле воспитна мерка, наместо затвор. Судот во пресудата констатирал дека дека Јованов нема прекршочни санкции, но МВР веќе објасни дека возачот има повеќе казни за управување на возило без возачка дозвола. Па така, тој од август минатата година е на слобода, за вчера да ја усмрти Кулавкова. Теоријата која беше пласирана во јавноста е дека судијката Даниела Алексовска-Стојановска изрекла погрешна санкција која не ги исполнила целите на казнувањето – а тоа е превенцијата.

На почеток