Три лица повредени: Сообраќајна несреќа помеѓу „сеат кордоба“ и „рено меган“
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![Сообраќајна несреќа на патот Тетово-Јажинце, двајца се повредени](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/10/Сообраќајна-несреќа-на-патот-Тетово-Јажинце-двајца-се-повредени.jpg)
На 15.05.2024 во 06.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Макреш, атар на с.Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат кордоба“, управувано од Ј.С.(45) од Куманово и патничко возило „рено меган“, управувано од А.С.(36) од с.Канарево, кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.С., додека неговиот сопатник С.А. и другиот возач А.С. се здобиле се телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)