Свет

(Видео) Се урна бина на предизборен митинг во Мексико: Најмалку девет мртви

Во пожар настрада 83-годишна жена од Липково

Најмалку девет лица загинаа, а околу 50 се повредени откако се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните власти. Инцидентот се случил додека претседателскиот кандидат на левиот центар Хорхе Алварез Мајнез држел говор во градот Сан Педро Гарза Гарсија. Уривањето на бината е предизвикано од ненадеен силен налет на ветер, напиша Мајнез на Х, а пренесе Би-би-си.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа моментот кога конструкцијата се урна додека неколку луѓе беа на сцената. Гувернерот на државата Самуел Гарсија ги повика локалните жители да останат дома поради силните грмотевици во областа.

Мајнез е кандидат на партијата Граѓанско движење и моментално е на третото место во националните анкети. Во објава на Х тој изјави дека самиот не е повреден, но дека се повредени неколку членови на неговиот тим.

https://x.com/brauliolunan/status/1793475806599204973

На почеток