Македонија

Деспотовски оди на сѐ или ништо: Разликата од противкандидатите на СДСМ е што не зборувам, туку има дела

Јован Деспотовски од центарот на Скопје пред старата Железничка станица кажа дека поднел кандидатура за претседател на СДСМ. Тој посочува дека ќе се заложи за „нов СДСМ“, па исто како што Скопје се подигнал од земјотресот, така и СДСМ повторно ќе биде нова партија која ќе обединува.

„Нема да трошиме многу време на зборување, туку на дела и конкретни чекори. Тоа е клучната разлика која нѐ разликува од противкандидатите“, рече Деспотовски.

Најави нови луѓе, но и дека старите структури нема да бидат заборавени.

„Ќе има нов механизам по кој ќе дејствуваме, ќе формираме Влада во сенка, за граѓаните да споредуваат и размислуваат. Концептот на Влада во сенка постои, не е за да СДСМ дели фотелји, туку конкретни личности ќе работат на ставови, ќе подадеме рака на политичкиот опонент, ама кај што ќе видиме дека има разлика, ќе критикуваме. Ќе бидеме конструктивна опозиција, нема да критикуваме неосновано – тоа ќе не разликува од досега“, додаде Деспотовски.

Тој кажа дека нема да прифати ниту една позиција во партијата, ако не биде избран во партијата.

На почеток