Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Тошковски треба да поднесе оставка после бројните скандали во изминатите месеци, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

„После бројните скандали коишто се случија во изминатите шест месеци Тошковски требаше да поднесе оставка“, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ и додава:

Серијата скандали и неуспеси во изминатите шест месеци ја потврдуваат неспособноста и опасноста од партизацијата на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Скандалите на аеродромот, бегствата на криминалци преку косовската граница, запалените возила, убиствата и секојдневните пресметки на криминални групи, па се до послендниот скандал со пуштањето на Артан Груби се јасен доказ.

— реклама —

Се случи убиство на бизнисмен кај Мавровка, обид за убиство на градоначалник во Арачиново, убиство на доктор во населбата Железара, пукање и убиства во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица.... Дестина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, командири, општински функционери и други.

— реклама —

Поголемиот дел од овие случаи се уште не се расчитени. Сетоа ова за само шест месеци.

Наместо ред и поредок, граѓаните добија хаос и несигурност.

Тошковски нема контрола над косовската граница и тоа е серозна опасност за националната безбедност. Две бегства за шест месеци, и за двете Тошковски се се обидува да се амнестира.

Последниот случај со бегството на Артан Груби е само потврда дека криминалците и терористите можат да го минуваат граничниот премин без проблеми.

Замислете, објаснувањето на Тошковски е дека граничниот службеник се „вознемирил“ од политичката тежина на Груби и од луксузот на возилото.

Вакви апсурди и скандалозни изговори за бегање од одговорноста досега се невидени.

Нема оправдување за сите овие скандали, ниту за враќањето на ВМРО-МВРО, Тошковски треба да понесе одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

Филипче: Ако Мицкоски знаел за кривичната тогаш е кривична одговорност, доколку не знаел политичка

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче до Мицкоски: Нема да отстапиме пред заканите, никој не ти се плаши

Македонија | пред 5 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче: Мицкоски нема капацитет да води држава – од една страна бајки, од друга навреди

Македонија | пред 5 часа

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Цените се зголемија, стандардот на граѓаните се влошува

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања