Скопје

(Фото) „Ново Лисиче и Аеродром цела ноќ се гушат во токсични отровни гасови“

Смог, неподнослива миризба и слика како од хорор филм. Вака изгледаше утрово Ново Лисиче и Аеродром, според сведочењата на некои од жителите. Според нив, повторно се пали депонијата Вардариште.

„Ноќеска во 01.00 часот смрди чад печат очи горчина во грло, утрово во 06.00 исто страшно ќе се угушиме сите на спиење. Во ова шешко да спиеме со затворени прозори. Што дишеме од надвор..За плачење сме“, вели граѓанин.
„Пак почнаа! И лани ова време беше екот на палење на депонијата, скоро секоја ноќ мирисаше. Жално“, додава друг.

„Вардариште гори и чади од вчера, а Ново Лисиче и Аеродом се гушат цела ноќ во токсочни отровни гасови“, пишува жител на овој дел од Скопје.
Настанот е пријавен и во полиција, два часа по полноќ.

Од ЦУК информираа дека се изгаснати осум пожари на отворено, а еден од нив, е токму на Вардариште. Гореле гуми и ниска вегетација, а опожарена е површина од еден хектар.

На почеток