Свет

Путин бесен поради нападот со дрон на воен аеродром

Поранешен шведски премиер: Путин сонува за царство, сака да ги проголта Украина и Белорусија

Рускиот претседател Владимир Путин е бесен поради нападот со дрон на воен аеродром во кој беа погодени два напредни борбени авиони Су-57, изјави портпаролот на украинското разузнавање.

Како што пренесува Index.hr, Су-57 е еден од најмоќните авиони во светот.

„Ова е голема вест: Путин е навистина бесен, а реакцијата во Кремљ е многу интензивна и забележлива“, објавија украинските медиуми.

„Тие се обидоа внимателно да ги сокријат и заштитат Су-57. Овие Су-57 никогаш не влегоа во украинскиот воздушен простор бидејќи се плашеа да не бидат соборени. Но, не успеаја“, рече Андриј Јусов, портпарол на Главната разузнавачка управа на Украина.

Јусов додаде дека тие авиони биле користени за ракетирање на украинските цивилни објекти и нивната инфраструктура. „Значи, казната е заслужена“, рече тој.

На почеток