Свет

Трагедија во Австрија: Во одрон загина момче

Салвини со осуда кон Австрија за блокирање на патот на италијанските превозници преку австриска територија

Вчера во Австрија се случи одрон во кој загина момче.

Според австриските медиуми, поради обилните врнежи од претходниот ден во областа, во шумата во Зигенсдорфберг, додека мајката со двете деца и две нивни другарки биле таму, дошло до одрон.

Две деца беа закопани, а за жал не успеаја навреме да спасат едно момче. Се работи за петгодишно дете.

Второто закопано дете со хеликоптер е пренесено во болница, а останатите две деца се неповредени. Во акцијата за спасување на лице место учествувале повеќе од 100 пожарникари, неколку спасувачки хеликоптери и полициско куче.

Нема дополнителни информации за идентитетот на жртвите, но се претпоставува дека мајката и нејзините две деца се од околината. Во областа поради обилните врнежи се забележани неколку стотици одрони.

На почеток