Скопје

Отстранета голема количина отпад во Скопје

Екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје на барање на Град Скопје поради отстранување на „диви продавачи„ на бул. „Крсте Мисирков„ подигнаа 5 м3 мешан комунален отпад и отпад од пакување. И покрај брзата реакција на екипите, повторно е забележано исфрлање на отпад на истата локација.

Во текот на денешниот ден повторно е подигнат и транспортиран отпад составен од мешан комунален отпад и отпад од пакување во количина од 15 м3 кој беше одложен покрај контејнерите.

ЈП „Комунална хигиена Скопје„ апелира отпадот да се исфрла во контејнерите наменети за комунален отпад, а не на јавните или сообраќајните површини со што го оневозможува редовното метење и миење на тротоарите и движењето на пешаците.

Еко патролата на ЈПКХС во соработка со градските инспекциски служби ќе продолжи да врши надзор и едукација на споменатите микролокации.

На почеток