Скопје

Сведоштво: Скопје стана Бејрут! Среде ноќ украден е велосипед и автомобил

Скопјанката Соња Дамјановска сведочи како од куќа позади Универзална сала, среде ноќ, е украден точак, а потоа, и автомобил. Апелира до сите, доколку некој го здогледа автомобилот, а и алармира.

„Другари вчера вечер помеѓу 12:30ч и 02:40 на ул. Христо Смирненски позади универзална сала извршена е кражба во куќа додека во неа мирно спијат луѓе над 70 години! Украден е точак Giant, клучеви од Кола Suzuki Swift црвена боја-слика во постот.

Крадецот си оди прво со точакот па околу 2:37ч, се враќа и ја краде колата( снимка од сосед).Ве молам доколку некој ја види колата со регистрација SK4070AN Suzuki Swift-црвена боја, нека пише веднаш! Ви благодарам. Центарот на Град Скопје стана Бејрут!“, алармира скопјанката.

На почеток