Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Газда на „Поршето“ во Дебар маало е ексамбасадорот Срѓан Керим: Нема потреба од никакви коментари, постапено е според прописите

објавено пред 8 месеци -

Македонија
porse

Поршето паркирано во Дебар маало не е на полицаец, туку е во сопственост на Срѓан Керим, ексминистер за надворешни работи, амбасадор на Македонија во Обединетите нации и во Германија, дознава „Скопје1“. Неговите иницијали се најдоа и во информацијата од МВР, од каде може да се заклучи дека тој го управувал возилото бидејќи стои: „на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог“.

— реклама —

„Скопје1“ се обрати до Керим. Откако не ни одговори на телефонскиот повик, ни испрати порака „Ве молам пишете порака“. Па му се обративме писмено. Испративме повеќе прашања, меѓу кои и: „Зошто полицаецот требаше да влезе во кафеаната каде седевте и да разговара со вас, за да може да постапи согласно законот?“. Потоа го прашавме: „Бевте министер, амбасадор во ОН и Германија, имате меѓународна кариера. Зар вака се паркира ширум светот и вака се постапува кога полицијата го спроведува законот?“.

— реклама —

На ова, тој не одговори конкретно. До „Скопје1“ испрати став во кој стои: „Нема потреба од никакви коментари. Постапено е според позитивните прописи што важат во вакви случаи“.

— реклама —

Снимката со неговиот автомобил наиде на бура реакции од јавноста, особено бидејќи полицаецот се симна, па се повлече со екипата од ПОЦ со намера да не го санкционира Керим. По жестока реакција на граѓани, полицаецот влезе до кафеаната, па го крена возилото. Сега, полицаецот е под истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола на МВР за да се утврди дали направил пропусти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања