15 пожари на отворено во последното деноноќие: Еден е се уште активен

Од
Објавено на

15 пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и 14 се изгаснати, а од вчерашните како активен се води само еден пожар.
Конкретно Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека од 13:50 часот избувнал пожар на запалена ниска вегетација и нискостеблеста шума над душевна болница Негорци.
Интервенирано со 3 пп возила со 9 пожарникари, 6 шумари со 2 возила. Пожарот се уште се води како активен, бидејќи преминал во непристапен терен.
