Македонија

Николоски: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

,,Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба и чест да бидам Заменик Претседател на Владата и Министер за транспорт и врски.

Да се биде дел од неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата.

Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија!

Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи.

За Македонија!”, напиша Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток