Македонија

Миле Јанакиески излегува на слобода по шест години

По шест години, денеска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, излегува на слобода.

Јанакиески од ноември 2018 година до денеска издржуваќе куќен и ефективен притвор. Потоа, беше спроведен во затворот „Идризово“ каде издржуваше казна за случајот „Титаник“ на СЈО, а потоа беше пренесен во затворот „Скопје“ каде беше до денеска.

Од формирањето на СЈО, Јанакиески го гонеа во неколку судски случаи. Тој секојдневно со полиција беше носен и враќан од суд. По бегството на Груевски, заврши во притвор без докази. За незаконскиот притвор се произнесе и Европскиот суд.

Европскиот суд пресече: Јанакиески незаконски бил држен во притвор

Јанакиески беше спроведуван на суд и на сила, по барање на судијата Осман Шабани.

ВИДЕО: Јанакиески го легнаа во полициско возило за со повреда да го однесат на судење

Во 2019 година, ексминистерот и осуден, Јанакиески, беше претен во затворот „Скопје“ заедно со Спиро Ристовски, поради што заврши во болница.

На почеток