Македонија

Владата во ОН гласаше усогласено со САД, Филипче да не е зафатен во Дубаи снимајќи го Заев како пее?, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Владата во ОН гласаше усогласено со САД, Претседателот Мицкоски ја унапреди соработката со САД, СДС во очај и љубоморат на сопствената држава“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ и додава:

Претседателот Мицкоски ја унапреди соработката на Македонија со САД, СДС во очај и љубоморат на сопствената држава.

Владата гласаше целосно усогласено со САД.

Жално е да се каже, но соопштението на СДС за надворешната политика на владата не е ништо друго, освен изворна љубомора и очај за сопствениот политички рејтинг.

СДС лажно се претставуваше прозападна партија, а всушност е партија на комунисти.

СДС лажно се претставуваше за пријател на САД, и го користеше прозападниот сентимент на народот, тоа сега го гледаат и граѓаните и нашите стратешки партнери.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена силно на зајакнување на трансатлантското партнерство му се допаѓа тоа на СДС или не, тоа ќе продолжи.

П.С. Зошто прес-конференцијата на Филипче се најавува за утре, а не денес? Да не случајно е зафатен во Дубаи снимајќи го Заев како пее со Харис Џиновиќ?

На почеток