На специјална прес конференција која ја свика Ракометната федерација на Македонија за нов предводник на националниот тим беше претставен Данило Брестовац.
Ракометната федерација со голема доверба во Данило Брестовац го претстави периодот кој претстои во македонскиот машки ракомет. Тој ќе биде селектор на сениорската репрезентација, но и многу повеќе од тоа. Ова е прво самостојно репрезентативно искуство за перспективниот стратег кој во моментов е на чело на тимот на Металург.
Брестовац претходно во кариерата работеше со А селекцијата на Македонија, но како помошник на тогашниот стратег, Ивица Обрван. Како селектор направи големи успеси со младинската селекција на Македонија.
