Скопје

(Фото) Карпош тргна во акција да се спасува од змии, откако среде парк се појави долг смок

,,Во тек е акција на службите на општина Карпош за поставување „Репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змиите.

Стручните лица го поставија ова наменско средство околу основните училишта и детските градинки на територија на локалната самоуправа.
Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи. Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација.

Ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина.”, пишуваат од Општина Карпош

На почеток