Изет Меџити ќе биде прв заменик претседател на Владата
Во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски ќе има прв вицепремиер, а тоа ќе биде Изет Меџити од Коалицијата Вреди. Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе има прв вицепремиер, рече дека тоа е незаконски и тие како нова Влада нема да работат спротивно на законот, но потоа додека дека во рамките на коалицијата имаат џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити.
,,Според законот кој што е важечки Владата односно премиерот има заменици, а договорот којшто го имаме во рамките на коалицијата е да да има прв вицепремиер и тоа ќе биде господинот Изет Меџити.”
Прв вицепремир во претходниот владин состав беше Артан Груби од ДУИ.