Русија го негира украинскиот идентитет, исто како што Бугарија прави со македонскиот – што со нас?!, ги праша Мицкоски во Вашинготн


Премиерот Христијан Мицкоски застана на страната на ставот на ЕУ кои останаа на ставот дека Украина е нападната од Русија, со цел да го негираат нивниот идентитет и јазик. Но во исто време ја потсети ЕУ дека во Унијата, Бугарија како земја членка го негира македонскиот идентитет и јазик. Им порача, дека мора да имаат исти пристап до двата слуачи.
„Оваа војна и агресија на Русија кон Украина е нешто ужасно. Ние мора да и помогнеме на Украина и луѓето таму. Бидејќи Русија има за цел да го негира украинскиот идентитет и јазик. Тоа е ужасно, страшно. Но во исто време, Парламентот на една од земјите во ЕУ, го негираше македонскиот идентитет и македонскиот јазик кој е мој мајчин јазик, кодифициран од 1977 година. Ние мора да имаме исти пристап во двата случаи“, рече Мицкоски.
Тој продолжи: „Таму има инвазија, ужасно е, луѓе умираат. Ние им помагаме, ние сме во првите пет земји кои донираме муниција и оружје на Украина. Но што со Македонија?“.
