Македонија

Вината за корупцијата во Македонија е кај обвинителите и судиите, не ги применуваат законите, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски за „Atlantic Council“ во Вашинготн, отворено порача дека нема што да се менува во законите, бидејќи тие се добри, а вината за корупцијата ја префрли кај судиите и обвинителите. Посочи дека одлучно како Влада, девет месеци работат на реформи, за да се применуваат законите.

„Борбата со корупција е нешто на што особено работиме, на борбата со корумпирани со политичари. Одлучно се бориме со нив. Имаме одлични закони, но неговата примена недостасува. Кој е одговорен за тоа? Судиите и обвинителите. Прво мора да го промениме менталитетот на судиите и обвинителите. Ние преземаме реформи. Се е напишано, мора да се примени“, рече Мицкоски.

На почеток