Жерновски од Службен весник дознал дека не е повеќе амбасадор: Трагикомично


Амбасадорот на Македонија во Романија, Андреј Жерновски, е отповикан од должноста. Тој за ова тврди дека дознал од објавата во Службен весник.
„Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар. Од објава во Службен Весник дознав дека сум отповикан од должноста амбасадор на нашата земја во Романија, без никаква претходно добиена информација, што е спротивно на основните процедури пропишани во Уставот и Законот. Трагикомично! По 192 дена откако ме вратија на “консултации” во државата, при што брутално е погазен Законот за Надворешни работи, оваа одлука ја дознав сосема неофицијално.
Очигледно, партиското резонирање повторно е посилно од законите и дипломатијата“, објави Жерновски.
Претходно, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, рече дека Жерновски бил поставен „на диво“ како амбасадор. На ова возврати Жерновски кој објави фотографија од предавањето на неговите акредитиви во романското Министерство за надворешни работи како доказ за неговата официјална амбасадорска функција.
