Свет

Нова израелска шлаканица за Русија: Ќе ја зајакнеме комуникацијата со вас, но нема да прекинеме да ја бомбардираме Сирија

Од официјален Тел Авив порачаа дека израелските авиони ќе продолжат да извршуваат борбени операции во Сирија, но исто така и дека ќе ја зајакнат комуникацијата со руските сили, откако пред неколку дена беше соборен руски воен авион во инцидент во близина на Латакија.

Откако започна граѓанската војна во Сирија, Израелците во многу наврати досега ги бомбардираа позициите на сириската армија, но и на милитантите кои што се финансирани од Иран. Израелските борбени авиони често го надлетуваат регионот, а неретко ги бомбардираат и конвоите со оружје на либански Хезболах.

Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, во вчерашното интервју за военото радио, јасно нагласи дека Израел нема да престане со воздушните напади во Сирија, иако неодамна како последица на тоа, сириската против-воздушна одбрана, напаѓајќи ги израелските авиони, по грешка собори руски авион.

„Ние ќе сториме се за да ја заштитиме безбедноста на израелските граѓани“, порача израелскиот министер.

Нафтали Бенет кој што е член на безбедносниот кабинет кај израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, порача дека израелската армија после инцидентот, ќе ја зголеми комуникацијата со руските сили кои што се распоредени во Сирија.

„Ќе направиме се за да не им наштетиме на тие на кои што не сакаме да им наштетиме“, порача тој.

Да потсетиме, неодамна израелското воено воздухопловство нападна позиции на сириската армија, по што беше активирана сириската против-воздушна одбрана. Додека четири израелски „Ф-16“ ловци оперирале на сириското небо, истовремено летал и руски воен авион. Израелските ловци наводно летале над рускиот авион и го искористиле како заштита од ПВО системите на сириската армија кои што по грешка го погодија и срушија рускиот авион. Поради грешката на Сиријците загинаа 15 припадници на руската армија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток