Загина мотоциклист, тешка несреќа на патот Охрид-Ресен
Од
Објавено на
Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на патот Охрид – Ресен, во близина на Прентов мост. Во несреќата загина мотоциклист.
Првичните информации се дека во несреќата учествувале мотоциклист и автобус.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, синоќа потврди дека имаат пријава за случена сообраќајна несреќа на овој патен правец.