Свет

(Видео) На камион му откажале кочниците, налетал на колона и уништил 16 автомобили: Има повредени

На интернет кружи снимка од страшна сообраќајна несреќа во Тајланд каде се уништени или оштетени 16 автомобили, а повредени се 17 лица.

Сè се случи на 22 септември во провинцијата Самут Пракан, кога камион со приколка налета на колона автомобили.

Тешка сообраќајка на автопатот е снимена од надзорните камери, а полицијата морала да ја затвори делницата додека се извлекувале повредените.

„Сообраќајот се забавуваше и тогаш слушнав шкрипење сопирачки. Миг подоцна видов автомобили како летаат на сите страни“, изјави сведокот Прасерт Кетбонг (51).

Екипите на итната помош набрзо пристигнале на местото на настанот и превезле 17 лица во болница, меѓу кои и возачот на камионот.

„Ќе ги сослушаме повредените, но и камионџијата. За процесот ќе биде информирана јавноста, согласно процедурата“, соопшти полицијата.

Камионџиот тврди дека за несреќата се виновни неисправните сопирачки, пренесува Метро.

На почеток