Свет

Русите напаѓаат со хиперсонични ракети

Руските сили денеска истрелаа неколку балистички и крстаречки ракети врз цели во Украина, а експлозиите се почувствуваа и слушнаа низ главниот град Киев.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека денеска Русија нападнала и со хиперсонични ракети Кинжал, оружје кое е едно од најнапредните во арсеналот на Москва.

Ракетата „кама“ лета со брзина 10 пати поголема од брзината на звукот, што го отежнува пресретнувањето.

Градската управа на Киев извести дека остатоците од пресретнати проектили во киевските области Соломјански, Днепровски и Холосиевски предизвикале пожари. Чад се крена од неколку киевски блокови.

Локалните власти соопштија дека пет лица загинале, а уште девет се повредени во рускиот ракетен напад врз Киев, пренесува Блиц.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека возилата на брзата помош се упатуваат кон областа Соломјанск.

Експлозии беа пријавени и од локалните власти во централниот украински регион Дњепропетровск.

На почеток