(Видео) Каевски дојде за да му судат: со лонгета, успеа да стигне на судење за спортските ваучери
Ексдиректорот на Агенцијата за млади и спорт обвинет за направена штета врз државниот буџет од пет милиони евра, се појави на судење. Тој минатиот пат отсуствуваше поради операција на ногата и судењето се одложи, а сега, со лонгета дојде во судот.
Покрај Каевски на обвинителна клупа ќе седнат и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски.
Обвинителката Лидија Раичевиќ ги обвини дека направиле штета од над пет милиони евра е сторена во случајот со ваучерите на Агенцијата за млади и спорт.
Случајот се отвори откако Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе иницијатива до надлежниот обвинител дека постои сомнеж во доделувањето на спортските ваучери од страна на раководни лица од АМС. Веднаш потоа јавниот обвинител поднесе обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“.
Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.