Свет

Силен земјотрес го погоди Родос

Серија земјотреси во Турција: четири потреси во рок од еден час

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Родос.

Земјотресот е регистриран во 12:11 часот по локално време на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Нема опасност од цунами.

Туристите во коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека го почувствувале земјотресот додека се сончале.

„Се сончавме, почувствувавме како лежалките ни се движат. Како некој да стоеше над нас и да ни ги тресе лежалките“, вели еден турист на Родос.

„Многу силно, но краткотрајно“, „Спиев кога ме разбуди силен земјотрес“, се дел од коментарите на граѓаните.

На почеток