17 пожари во последното деноноќие, од кои три се сеуште активни
ЦУК информира дека имаше 17 пожари на отворено во последното деноноќие, 14 се изгаснати од пожарникарите, а некаде заедно со месното население и од нив активни утрово се водат само 3 во општините: Велес, два, конкретно еден кај селата Караслари, Црквино, Грнчиште (каде што гори ниска вегетација и шума) и еден кај селата Пепелиште и Војшанци (ниска вегетација и шума – смрека, даб и бор) и во Општина Струмица, с.Бадиле (ниска дабова шума).
Генерално, од пожарот во реон на армискиот полигон „Пепелиште“, на 10-километарскиот „огнен фронт“ нема опасност и загрозување на населби, објекти и инфраструктура, според информации од терен, но и денеска од утрово се дејствува врз пожарот а ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“.
Изгасените 14 пожари на отворено беа во општините: Велес, кај селата Отиштино и Оризари; Битола, с.Цепари; Демир Хисар, с. Мренога; Прилеп, кај Дата центарот Прилеп; Струга, с.Дологожди; Карбици 2, кај с.Крупиште и с.Карбинци; Кочани, кај Дом АСНОМ; Македонска Каменица, с.Дулица; Куманово, нас.Бабин Дол; Штип, с.Шоверлија; Петровец, пат за с.Огњанци; Зелениково, с.Зелениково и во Општина Шуто Оризари, покрај ул. „Нов живот“.