Медиасет

(Видео) Хорор во Бразил: Полицаец го застрела голманот

Насилството во бразилскиот фудбал доби нова димензија претходната вечер кога полицаец во обид да ги смири тензиите на натпревар меѓу два тима, застрела фудбалер во ногата.

Тоа беше дуел меѓу јуниорските екипи Гремио Анаполис и Сенто Оесте, во рамките на шампионатот во Гвајана.

На крајот од мечот дојде до тензии, играчите на домашната екипа Гремија го нападнаа судијата, дојде до пресметка и со противничкиот тим, а потоа еден од полицајците одлучи дека најдобар начин да ги смири „жешките глави “ беше со пукање на фудбалер во нозете.

Без никаква оправдана причина, што е јасно видливо на видеото.

Повреден е голманот на Гремио, Рамон Соуза.

За негова среќа, тој беше погоден од пластичен куршум, па животот не му е во опасност, но јасно е дека ова беше болно искуство за голманот на Греми.

Тој веројатно никогаш не доживеал нешто слично во кариерата.

Греми очекувано најави дека ќе поднесат тужба против полицаецот кој го испука куршумот и го рани нивниот голман.

На почеток