Скопје

По невремето, општина Гази Баба го активираше кризниот штаб

Општина Гази Баба преку социјалните мрежи информираше дека е активиран кризниот штаб, по силното невреме кое го зафати градот.

„Попладнево општина Гази Баба ја зафати силно невреме. Активиран општинскиот штаб за постапување во вакви состојби и задолжен е директорот на ЈКП Гази Баба за формирање на тимови за делување на терен.

Сите граѓани можат да пријават паднати дрва, бандери и слично на следниот број: 070261956 Игор.

‼️Штом се создадат услови екипите веднаш ќе делуваат на терен за расчистување на последиците од невремето“, стои во објавата.

На почеток