Скопје

Невреме во Скопје: Кровна конструкција се заплетка на кабли од далновод

Поради силното невреме кое го зафати Скопје, дел од кровна конструкција заврши на далновод.

Кровната конструкција која ветрот ја оддува се заплетка во каблите од високонапонски далновод за струја.

Граѓаните бараат надлежните веднаш да дојдат на терен и да го отстранат делот од кровот додека не дојде до поголема катастрофа.

“Да се обавестат дежурните служби дека од невремето во сред населба хиподром на високонапонскиот далновод има закачен дел од кровна конструкција”, стои во објавата на социјалните мрежи.

На почеток