„Пуцко Петрол“ за 5 милиони евра ја купи зградата на „Бетон“


Управната зграда во Скопје на некогашниот градежен гигант Бетон која неодамна беше огласена на банкарски оглас како дел од извршна и стечајна постапка, е веќе продадена.
Оваа зграда е купена од нафтената компанија Пуцко Петрол за 5,1 милион евра, а сопственик на комапнијата е семејството Јахоски.
Овој деловен објект се наоѓа веднаш зад Министерство за Економија и е изграден во 2012, а според НЛБ Банка проценет е на 4.952.967 евра.
Сопственик на
Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко Петрол“ и син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и актуелен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски, од лани е сопственик на „Хеј ДООЕЛ“, компанија која склучи договор за закуп на деловни простории со Државна лотарија во скопско Визбегово тежок над 2,6 милиони евра.
