Свет

(Видео)Катастрофа: Се урна авион со 19 лица, полицијата и пожарникарите на терен

Авионот на непалската компанија „Сауриа ерлајнс“ со 19 патници и членови на екипажот се урна денеска при полетување во Катманду.

Како што јави Ројтерс, во авионот за Похара во Непал имало 19 лица.

На местото на несреќата има полиција и противпожарна служба.

Во моментот на несреќата видливоста беше слаба, но не врнеше, иако сега е периодот на монсунски дождови, јавува АП.

На почеток